И „11 Октомври“ ќе помине неодбележан - македонските знамиња ги снемува од јарболите низ Струга
Струшките комунални инспектори им забраниле на граѓаните, на “своја рака“ да поставуваат знамиња на јавни места, пишува Први.мк. Според порталот, на оние јарболи на кои граѓаните веќе ставиле македонски знамиња, непознати лица веднаш ставале и албански.
Струшката невладина организација „Каприкорн“ вчера ги повика Македонците во Струга сами да постават знамиња за утрешниот „11 Октомври“ , бидејќи локалната власт не истакнува македонски знамиња за национални празници.
10.10.2013 - 10:32