Продолжи надзорната расправа за користењето на фондовите од ИПА

Собраниската Комисија за европски прашања денеска го оддржа петтото продолжение на 42. седница посветена на надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“.

На собраниската комисија дел беа и министерот за труд и социјала Диме Спасов и министерот за образование Спиро Ристовски. На прашањата на пратениците освен нив одговараа и директорите на Агенцијата за вработување, Центарот за образование и на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,на возрасни, Влатко Поповски, Линдита Ќазими и Дарко Димитров, а од невладините организации Марјан Забрчанец од Македонскиот образовен форум МОФ и Нада Коруновска од Тинк Тенк организацијата РЕАКТОР.

На собраниската Комисија беа објаснети процедурите за добивање на финансиски средства преку овој инструмент, потешкотиите со кои се соочувале, како и за успешно спроведените проекти, преку кои се обучиле голем број граѓани во земјата со одредени способности, потребни за  вработување.   

 

09.10.2013 - 16:45
Фото: 
Влада

најчитано сега