Косовското движење „Самоопределување“ собира пари од граѓаните за предизборната кампања
Косовското движење „Самоопределување“ собира доброволни прилози од граѓаните за предизборната кампања.
Досега во акцијата „Дарувај за промени“, движењето успеало да собере 39.252 евра, но нивните очекувања се дека ќе успеат да собераат 252.000 евра, толку колку што се потребни за кампањата.
- Нам не ни се доволни средствата што ги добиваме од Фондот за подршка на политичките субјекти, од каде за 2013 година добивме нешто помалку од 500.000 евра. За сегашната кампања нам ни се доделени само 5.300 евра, изјави Враниќи.
За финансирање на партијата лидерот Албин Курти на кампањата за парламентарните избори што се одржаа на 12 декември 2010 година, лидерот Албин Курти на партијата го продаде сопствениот стан.
Курти сопствениот стан во Приштина го продал за 70.000 евра. Со овие пари тој го помогна „Самоопределување“ и се врати да живее со неговите родители.
Косовското движење „Самоопределување“ познато е по ставовите за обединување на Косово, Албанија и на сите други „албански територии во регионот“ во една држава.