Нов пакет економски мерки во Србија

 

Српската Влада денеска треба да го  обелодени  пакетот екомски мерки за намалување на буџетскиот дефицит и поттик на екомскиот раст.

Една од мерките ќе биде воведување солидарен данок во јавниот сектор и тоа на платите над 50.000 динари, иако голем дел од тој проект засега не е познат за јавноста, јави РТС.

Вицепремиерот Александар Вучиќ изјави дека на Србија и се заканува банкрот и предупреди дека економските мерки ќе го погодат голем дел од граѓаните.

- Србија е пред банкрот и тешките економски мерки ќе погодат меѓу 300.000 и 500.000 луѓе, предупреди Вицепремиерот Александар Вучиќ .

Тој најави намалување на палтите во јавниот сектор со што ќе се заштедат околу 200 милиони евра.

08.10.2013 - 09:30

најчитано сега