Приштина потврди: Нарко-босот Келменди е уапсен
Портпаролката на косовската полиција Баки Келани за Танјуг потврди дека балканскиот нарко-бос Насер Келменди по кого БиХ имаат распишано меѓународна потреница и кој се наоѓа на црната листа на Стејт департментот е конечно уапсен.
– Косовската полиција уапси на 5 мај околу 20 часот две лица, од кои за едниот има распишано меѓународна потерница, додека другото лице е уапсено заради давање помош на човекот од потерницата, изјави Келани за Танјуг.