Брзилско чудо во Амстердам: Лукас Мура во последната секунда го однесе Тотенхем во финале- Покетино во солзи (ВИДЕО)

 

Тотенхем е вториот финалист во Лигата на шампионите оваа година.

Ќе гледаме англиско финале во ЛШ, откако Тотенхем во еден неверојатен реванш го победи Ајакс во Амстердам со 3:2, преку хет-трикот на Бразилецот Лукас Мура.

Ајакс во Лондон победи со 1:0, а на свој терен на полувреме имаше и 2:0 предност преку головите на Де Лихт и Зијех.

Сепак во продолжение, Тотенхем вршеше голем пресинг и во последните секунди од мечот стигна до големата победа.

Херој на мечот беше Лукас Мура кој со три гола го запечати влезот на Петлите во големото финале.

 

Можеби не успеа да освои трофеј во англискиот фудбал, но Маурисио Покетино на 1 јуни ќе се бори за пехарот во Лигата на шампионите.

По првото полувреме никој не можеше ни да помисли на вакво нешто, па разбирливо е што Покетино се расплака на крајот од мечот.

 

Suze Pochettina. pic.twitter.com/mlAre4kIdT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2019 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега