Важна вест за сите кои треба да одат на Аеродром дента кога пристигнува Папата

 

 

 

Поради посетата на папата Франциск во вторник  (7 мај) патниците кои имаат утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во седум часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот, патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, соопшти денеска концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија.

Патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај.

Детали во врска со режимот на сообраќај од аеродромот до Скопје и евентуални измени,  се достапни на веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/ , како и преку контактирање на релевантните државни институции.

Кај редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од град Скопје до Меѓународниот аеродром Скопје и во обратна насока, со официјалниот превозник „Манора“, на 7 мај, временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од Аеродромот кон Скопје, која што на 7-ми мај ќе тргне половина час подоцна. Информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до аеродромот се достапни на веб-страницата на Манора: https://www.manoragroup.com/en.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2019 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега