По само половина час игра, Роналдо се повреди, а сега откри колку е сериозна повредата
Кристијано Роналдо вечерва по пола час игра во мечот од квалификациите за ЕП против Србија, мораше да го напушти теренот.
Португалецот во еден шпринт во обид да ја стигне топката почуствува болка и мораше да биде заменет. По мечот фудбалерот на Јувентус самиот се огласи и ја откри ситуацијата
“Не сум загрижен, го знам моето тело и знам дека ќе биде добро за две недели”, изјави Кристијано Роналдо по натпреварот кој ги смири навивачите на Јувентус во очи пресметката со Ајакс од Лигата на шампионите.
25.03.2019 - 23:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа