Косовскиот министер за безбедносни сили денеска во Македонија
Делегација од Министерството за косовските безбедносни сили на чело со министерот Агим Чеку денеска ќе го посети Министерството за одбрана на Република Македонија.
Министерот Чеку ќе се сретне со својот домаќин, министерот Џафери, а ќе се сретне и со деканот на Воената академија и питомците од Косово.
Чеку ќе има и свое предавање на Воената академија.
30.09.2013 - 08:10