Бомба експлодираше во Солун, загина жена

 


Триесет и осумгодишна жена загина во експлозија во Солун рано утрово, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека кривичната истрага е во тек.

„Се чини дека носела експлозивна направа и планирала да ја постави во банкомат на банка“, изјави висок полициски службеник за Ројтерс.

„Нешто тргнало наопаку и експлодирала во нејзините раце“, додаде полицискиот службеник.

По експлозијата, жената со тешки повреди е пренесена во Хипократовата болница, пренесе Катимерини.

За време на нејзиниот транспорт, спасувачите на ЕКАБ се обиделе да направат кардиопулмонална реанимација. Таа беше прогласена за мртва во болница.

Се истражува дали жената е поврзана со инцидентот, бидејќи претходно била во полициски притвор, меѓу другото и поради грабежи.

Според истите информации, полицијата располага и со видео материјал кој го поткрепува ова сценарио, пренсува Катимерини.

03.05.2025 - 11:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега