Тој е мелем за желудникот - сокот од компири е лек за многу болести

 

Благотворните својства на компирот одамна се познати во народната медицина, но наспроти тоа владее мислење дека оваа намирница не смее да се консумира сурова. Всушност, станува збор за заблуда, бидејќи во суров облик компирот е исклучително здрава намирница корисна за многу работи.

Исто така, кога зборуваме за заблудите, треба да се напомене и онаа која вели дека пред консумација неопходно е компирот да се излупи, бидејќи неговата лушпа е отровна. Вистината е дека лушпата на здравиот и органски компир не содржи никакви супстанци кои се штетни за нашето здравје, туку напротив, содржи многу минерали кои му се потребни на нашето тело.

Она што навистина е отровно е незрелиот компир кој има зеленикава кора, како и оној кој има из’ртено. Опасноста се крие во соланинот, токсин кој го има во из’ртените и во зелените делови на компирот. Но, од него можете да се ослободите многу едноставно – пред употреба само отстранете ги тие делови од комприот.

Сокот од компир е одлично природно средство за лечење на гастритис, една од најраширените болести на денешницата. Треба да консумирате по една лажица сок разреден со малку вода, половина час пред оброкот. 

Во терапија за третирање на чир на желудник и дванаесетпалачно црево, се советува секојдневна консумација на половина децилитар сок од компир на празен желудник, како и по 50 милилитри половина час пред ручек и пред вечера.

Сокот од компир придонесува за намалување на нивото на шеќер во крвта, како и во лечење на заболувања на белите дробови и дишните патишта, дури и кај потешките заболувања.

Будистичките свештеници тврдат дека секојдневната консумација на два децилитри сок од компири може да допринесе за лечење на канцер и на други тешки болести. Ефикасноста на оваа супстанца во разбивање на ракот постепено се докажува и во научните истражувања.

Во Јапонија научниците успеале од свеж компир да ја издвојат материјата која се покажала како ефикасна за разбивање на растот на клетките на туморот кај лабораториските глувци. Компировиот сок се применува и како дел од познатата Бројсова терапија против рак.

Во последно време, компирот сè повеќе добива на важност како значајно срество во борбата против болестите на црниот дроб и бубрезите, но и кај срцевите заболувања, високиот крвен притисок, дијабетес, реума и тн.

Консумирањето на сок од свеж компир е одличен начин за зајакнување на имунитетот, а помага и при отстранување на зачестени главоболки, како и при менструални болки.

Исто така, доколку се чувствувате слабо или исцрпено, пијте наутро и навечер сок направен од еден среден компир, еден морков и едно јаболко – во рок од две седмици и повторно ќе бидете во добра форма.

Лушпата на компирот е природно средство за детоксикација на организмот и претставува извор на многу важни нутриенти потребни за живот и раст. Доколку компирот го консумирате нелупен, во организмот ќе внесете низа вредни состојки, како јаглени хидрати, белковини, витамин Ц и Б6, калиум, железо, магнезиум и цинк.

Важно е да имате на ум дека витаминот Ц се губи со термичка обработка, што е преголема штета бидејќи свежиот компир со средна големина (околу 150 гр) содржи дури 27 мг витамин Ц, што сочинува 45 проценти од препорачаниот дневен внес.

Компир е многу делотворен и за нега на проблематичната кожа бидејќи тој осигурува чист и блескав тен, без акни и митесери. Одличен прочистувач е на кожата благодарение на неговите антисептични својства, а со оглед на големата содржина на витамин Ц и скроб, компирот ја храни кожата и го забавува нејзиното стареење.

Маската за лице ќе ја направите со едноставно рендање на свежиот компир и нанесување врз кожата, со што неговите состојки ќе ја исчистат и затегнат. Исто така, компирот помага во борба против целулитот – доволно е критичните места редовно да ги масирате со кругчиња свеж компир.

Подготовка на сокот:

Подготовката на сокот од свеж компир е многу едноставна. Најпрво добро измијте го компирот, па од него отстранете ги зелените или из’ртените делови, доколку ги има. Потоа изрендајте го и процедете ја течноста. Исто така, компирот можете да го исцедите и во соковник. Сокот секогаш пијте го свежо направен, а за подобар вкус можете да го помешате со овошје или друг зеленчук по избор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2019 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега