Почина Среќко Радишиќ: Србија и Реал се збогуваат од легендата
Некогашниот кондиционен тренер на фудбалерите на Црвена ѕвезда и Реал Мадрид, Среќко Радишиќ почина во Гроњи Милановац на 88 години, после долга борба со тешка болест.
Како што е сооппштено, Радишиќ починал вчера вечерта.
Роден е во Југославија во 1931 година и започнал спортска кариера како атлетичар во Горњи Милановац, на неполни 18 години.
Кариерата ја започнал воп атлетскиот клуб Таково, а потоа во АК Црвена ѕвезда. Бил член на репрезентацијата на Југославија 12 пати, а поставил и два државни рекорди.
Кога завршил со атлетската кариера, станал фудбалски кондиционен тренер, а работел во Црвена ѕвезда, шпанскиот Реал Мадрид и Спортинг од Лисабон, како и во уште неколку клубови и репрезентации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа