Македонија го одбележува Светскиот ден на туризмот

Денеска Македонија го одбележува Светскиот ден на туризмот под мотото „Туризам и вода - да ја заштитиме нашата заедничка иднина“. За таа цел,  на иницијатива на Скопје 3Д и Туристичката комора на Македонија ќе биде одржана средба на туристички работници на тема добра приказна - добра туристичка дестинација.

Повод за денешната средба е рангирањето на напуштената црква во Мавровоското Езеро на листата на најубави напуштени цркви во светот од страна на  американскиот интернет магазин „Huffington Post“.

- Вообичаено црквите се место каде верниците го наоѓаат својот душевен мир и служат за тивко размислување. Овие свети места се напуштени, а нивната внатрешност е тивка и празна. Сепак тие имаат зачудувачка убавина која може да се види на фотографиите, стои во коментарот на „Huffington Post“ за фотографиите со напуштени цркви. 

Инаку, за Светскиот ден на туризам е избран 27 септември како датум кога во 1970 година е усвоен статутот на Светската туристичка организација, а датумот е избран врз основа на тоа што во ова време главната туристичка сезона завршува на северната, а почнува на јужната полутопка. 

 

27.09.2013 - 11:43

најчитано сега