Манасков по поразот од Исланд „удри“ по младите играчи

 

Дејан Манасков по денешниот пораз од Исланд со 24-22 изјави дека ова е реалноста во моментов за оваа репрезентација, но треба да се оди на победи во следните два натпревари.

–Одигравме добро прво полувреме, имавме предност од два гола. Во второто полувреме започнавме со „7 на 6“ но едноставно не ни одеше, ја затворија средината и пивотите. Мислам дека правевме непотребни фаули и имавме некои шутеви од неизградени позиции и Исланд не казни. Мислам дека донекаде ова е реалноста во моментов за оваа репрезентација. Одиме со главата горе во Келн да одиграме уште два натпревари, изјави крилото по мечот во микс-зоната.

Тој додаде дека младите играчи во репрезентацијата треба да созреат за во иднина да не се повторуваат грешки како на овој Мундијал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега