Македонија вечерва на дуел со Исланд- познат и составот со кој ќе се игра

Македонската репрезентација денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на Мундијалот во Германија и Данска.

Тоа е решавачкиот натпревар за пласман во главната рунда, а ривал е Исланд, со кој бевме во иста ситуација пред две години на СП Франција.

Селекторот Раул Гонзалес го одреди составот на нашата селекција, а во него нема измени во однос на претходните натпревари.

Состав на Македонија: Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Филип Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевки, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски.

 

Натпреварот меѓу Исланд и Македонија се игра денеска со почеток во 18:00 часот.

Извор: 24 Ракомет

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега