Столе стигна до медиумите во регионот: "Македонската легенда полуде поради Северна Македонија"

 

Славниот Стојанче Стоилов стигна и до српските медиуми по скандалот кој избувна откако тој напиша на Фејсбук дека не прифаќа промена на името во Северна Македонија.

Српскиот Курир денеска пишува дека Стојанче го изнел својот став дека за него секогаш е Македонија, а го пренесува и скандалот кога го напушти доделувањето на наградите за спортисти.

Неговиот став, пишува српскиот Курир го испровоцира албанскиот сервис на македонската телевизија, па коментаторот не сакаше да му го каже името на Стојанче туку го нарече играчот со број 5.

Овој статус беше повод и за многуте балкански медиуми кои го пренесоа.

 

Дел од нив е и српскиот „нови магазин“, кој веста ја наслови како: „Стоилов: За мене секогаш ќе биде Македонија“, веста одекна и во хрватските медиуми, па така хрватски „Индекс“ веста ја наслови како: „Македонската легенда полуде“: Не е нормално што попуштаме, ова е Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2019 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега