Жестока дебата во Собранието - продолжува расправата за Буџетот за 2019
Во македонското Собрание денеска треба да продолжи расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година.
Расправата почна вчера кога пратениците од парламентарното мнозинство оценија дека предложениот буџет е социјален и со многу инвестициски вложувања, а опозицијата критикуваше дека тој е мегаломански, неразвоен и оти власта нема капацитет да реализира проекти.
Министерот за финансии Драган Тевдовски образложи дека главните цели на предложениот буџет се повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, повисоко ниво на социјална правда и повеќе пари за евроинтегративните процеси.
Вкупните приходи се планирани на 210,8 милијарди денари, а расходите се на ниво од 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 17,7 милијарди денари, односно 2,5 отсто од БДП, а растот на економијата е проектиран на 3,2 проценти. За капиталните инвестиции се издвоени 26 милијарди денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа