„Косово не е држава, туку пештера“ - фудбалер на Азербејџан збесна пред новинарите
Руслан Гурбанов бил згрозен од однесувањето на навивачите на Косово за време на натпреварот на Лигата на нации.
Оваа недела фудбалската репрезентација на Косово постигнала голем успев во Лигата на нации, сп тоа што освоила прво место во својата група во Д дивизија.
Нивниот клучен натпревар е игран во последното коло против Азербејџан на стадионот „Фадиљ Вокри“, а гостите од поранешната Советска република биле дочекани „на нож“ од навивачиоте на Косово на трибините.
Причината за тоа е што Азербејџан не го признала Косово како држава.
Затоа биле дочекани со исвиркување и навреди, кои не престанале ни за време на интонирањето на химната, а тоа посебно го изнервирале азербејџанскиот играч Руслан Гурбанов.
-И покрај се, морате да бидете луѓе, да ги почитувате вредностите на другите нации. Факт е дека химната на Азербејџан беше исвиркана и тоа значи дека не го почитувале противникот. Владата на Азербејџан направи вистинска работа што не го призна Косово, бидејќи тие не се држава, туку пештера - порачал Гурбанов после натпреварот и со тоа предизвикал бес кај косовските медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа