"Се што паметам се пукотници и мртви тела" - Македонец го преживеал хоророт во Најроби

 

И Македонец се нашол во заложничката драма во Најроби! Како што објавува Канал 5, се работи за 38-годишниот Александар Велкоски со потекло од Прилеп кој отишол по пелени за својата ќеркичка, но наместо да купи и да се врати дома, преживеал вистински хорор кога 20 часа останал заробен во трговскиот центар.

„Бев да купам пелени за ќерка ми кога почна пукањето. Маскирани напаѓачи пукаа од калашникови насекаде. Јас тогаш бев на првиот кат и не знам ни самиот како успеав да се извлечам. Околу 20 часа бев во заложништво", изјавил Велкоски за Канал 5 и додал дека се што памети се експлозии, пукотници и мртви тела.

Инаку, во заложничката драма, Македонецот останал без пасошот и сите платежни картички, а бидејќи нема македонска амбасадо ва Најроби, тој се обратил за помош на Канал 5. 

Во Најроби дошол на гости кај семејството на сопругата, со која се запознал и се оженил во Катар, каде што тој извесно време живее и работи.

За среќа, сега Македонецот е здрав и жив.

24.09.2013 - 09:43

најчитано сега