Скопјани добиваат ново место за шопинг - познатиот бренд „ХиМ“ отвара продавница во Скопје
Наскоро скопјани ќе имаат ново место за шопинг. „Хенес и Мориц“, шведската мултинационална компанија за облека наскоро ќе отвори продавници во Скопје.
Како што пренесе Утрински, деновиве спроти ТЦ „Рамстор“ еден локал е обвиткан со натписите „Наскоро“ со логото на познатиот бренд „ХиМ“.
Инаку, модниот синџир „ХиМ“ продава облека за мажи, жени и деца, а досега постои во 43 земји, а од 2011 година има околу 94.000 вработени лица.
23.09.2013 - 10:47
Фото:
Утрински