Откорната и украдена ѕвездата на Пандев од плоштадот во Струмица

 

Од Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица денеска  е искорната плочата со ѕвезда на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев.

Ѕвездата е поставена во 2010 година кога Пандев ја освои титулата европски и светски шампион со италијанскиот Интер, односно истата година кога е изграден новиот струмички плоштад.

Граѓаните на Струмица, кои денеска поминува низ плоштадот го осудуваат вандалскиот чин и повикуваат надлежните веднаш да ги откријат сторителите.

И од општина Струмица го осудуваат вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот го пријавиле во полиција

 

 

 

01.11.2018 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега