Претседателот Иванов го честита христијанскиот празник Мала Богородица

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска присуствуваше на светата литургија со која чиноначалствуваше архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан по повод празникот „Рождество на Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта.

- На сите православни христијани сакам да им го честитам големиот празник Рождество на Пресвета Богородица. Ова е празник и за славење и за радување. Празник кога го славиме семејството, празник кога ги славиме рожбите. Затоа ова е ден кога треба да се потсетиме на обврските кон семејството, обврските кон децата, да се грижиме за нив и да даде Господ да имаме што повеќе рожби, изјави претседателот Иванов.

Пред иконата на Исусовата Мајка, за која се смета дека има чудотворна моќ, се поклонија илјадници посетители, меѓу кои и припадници на други религии кои веруваат во чудотворната икона на Пресвета Богородица. 

21.09.2013 - 11:31

најчитано сега