Премиерот Груевски на поставување камен-темелник на Технолошко-индустриската развојна зона „Струмица“
Денеска претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, ќе го посети Струмичкиот регион.
Премиерот ќе присуствува на поставувањето камен-темелник на Технолошко-индустриската развојна зона „Струмица“, на пуштање во употреба на локален пат Струмица – село Попчево и на повеќенаменско игралиште во село Мокриево, Ново Село.
Потоа, премиерот Груевски ќе ги посети и пензионерите од струмичкиот регион.
21.09.2013 - 11:15