Кокаинот ќе го чини скапо: Поранешната ѕвезда на Јувентус и Челзи мора да плати оштета од 17 милиони евра

 

После 10 годишниот спор одлучено е дека легендата на романскиот фудбал Адриан Муту мора да му плати на својот поранешен клуб Челзи 17 милиони евра оштета затоа што во 2004 година беше позитивен на кокаин.

Летото 2003 година лондонскиот клуб го ангажираше Романецот, а Челзи за Муту плати 17 милиони евра на Парма.

После напуштањето на Лондон и преминувањето во Јувентус, Челзи го тужеше Муту во Светската куќа на фудбалот, барајќи да ги исплати средствата платени за трансферот.

ФИФА во 2008 година пресуди дека Романецот е должен на клубот на Роман Абрамович да му ја исплати побараната оштета. Некогашниот романски репрезентативец се жалеле на Судот за човековите права, а после спорот кој траеше 10 години судот ја потврди пресудата на ФИФА

Во текот на кариерата Адриан Муту постигна 2003 гола на 528 натпревари, а за репрезентацијата на Романија има 35 гола на 77 натпревари.

 

 

 

03.10.2018 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега