Јанкулоска: „Диригент“ беше силен удар врз нарко-мафијата

 

 Целата операција „Диригент“ е голем удар врз нарко мафијата што претставува добар пример за сите во регионот, но  и во Европа како треба ефикасно да се бориме против сериозниот  меѓународен криминал, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес-конференција, додавајќи дека заедно со последното продолжениe на операцијата во изминатите четири години и е нанесен сериозен удар  на таканаречената „Франкфурт мафија“, за која се претпоставува дека повеќе од 10 години е инволвирана во меѓународен криминал.

- Во сите досегашни акции во земјава и надвор поради поврзаност со оваа група, приведени се околу 500 лица. Од нив 460 се приведени на територијата на Германија, Австрија и Холандија. Во Македонија од 2009 година наваму приведени се 70 лица, запленети се преку 220 килограми хероин, четири килограми кокаин и неколку килограми марихуана. Документирани се и трансфери на пари тешки неколку милиони евра, десетици илјади евра се запленети, како и голем движен и недвижен имот, рече денеска Јанкулоска.

Последното продолжение на „Франкфурт мафија“, подвлече, се реализира во перодот од септември 2012 до септември 2013 година, обезбедени се докази и лишени се од слобода повеќе припадници на криминални групи што организирале  улично дилерство на дрога на наркозависници на подрачјето на Франкфурт и неговата околина.

- Во рамки на заедничката истрага беа опфатени 66 лица, од кои 44 во Германија и 18 во Македонија. Од приведените во Греманија 26 се македонски државјани. Во Германија се запленети 700 килограми смеса  за мешање хероин, пет килограми чист хероин, над пет килограми кокаин, како и 30.000 евра. Ние запленивме околу 5 килограми хероин кај членовите  на групата од Македонија кои се обидуваа да го внесат од Турција со намера да го транспортираат за Франкфурт. Запленета  е и помала количина марихуана и амфетамин, посочи Јанкулоска.

Таа денеска информираше дека за време на меѓународната операција билеобезбедени докази со примена  на посебни истражни мерки во Македонија и докази од германската служба за борба против трговија за дрога, за инволвираност во недозволена трговија со дрога за осум лица од Македонија кои се поврзуваат со заплените на дрога во Франкфурт. Против шест се поднесени три кривични пријави. Едно лице, информира Јанкулоска, веќе издржува казна затвор, додека друго 31-годишно лице од Свети Николе, познат дилер кај кого  за време на претресот е пронајдена марихуана и анфетамин, е пријавен одвоено  за сторено кривично дело „неовластено производство  и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции  и прекурсори“. На ова лице, како и на останатите, им е одредена мерка притвор од 30 дена, а на две лица што не се достапни, мерката им е изречена во отсуство. 

Направен е дополнителен претрес поради сомнение дека одреден број лица се инволвирани и во перење пари преку нивните фирми  или преку фирми во сопственост на нивни блиски. Фирмите биле користени за пуштање во легален промет на незаконски стекнатите пари. Од тие причини, подвлече Јанкулоска, во истрагата се вклучени и Управата за јавни приходи и финансиската полиција, а се очекува од  Германија да бидат доставени докази за некои трансфери, по што ќе бидат комплетирни и постапките против лицата за кои ќе се обезбедат докази. 

Во текот на меѓународната операција беа идентификувани три криминални групи составени од државјани на Р.Македонија, во кои ораганизаторите на овие криминални групи престојуваат во Р.Македонија од каде ги регрутираат и обучуваат членовите и ги координираат активностите поврзани со  недозволена трговија со дрога, поточно им даваат насоки и инструкции на уличните дилери во Франкфурт и околината.

 

-Првата криминална група ја организирале лица од Велес, а по нивни инструкции во Франкфурт и околината бил набавуван хероин и смеса за мешање на хероин кој бил нуден на улична продажба на зависниците во Франкфурт. Групата се поврзува со три заплени на хероин во Франкфурт, рече денеска Јанкулоска, објаснувајќи дека во првиот случај хероинот е набавен од албански државјанин, во вториот реализиран случај претходно набавената дрога ја скриле на две различни локации на подрачјето на градот, додека во третиот случај во билзина на железничката станица во Франкфурт подигнале хероин кој претходно бил таму сокриен.

Министерката информираше дека организатор на втората криминална група е 38-годишно лице од Свети Николе, кој во почетокот на ноемрви 2012 година организирал мрежа на посредници  за неовластено купување и продажба на наркотична дрога хероин во три области во Франкфурт. Според информациите на МВР, светиниколчанецот пронаоѓал лица од земјава кои ги испраќал во Франкфурт и по негови  инструкции тие вршеле улична продажба на хероин. Дрогата ја криеле во стан и во парк во близина на станот, а германските служби реализираа еден случај  во кој бугарски државјанин од нив купил 1,3 килограми хероин, истакна Јанкулоста.

Како организатори на третата ктриминална група се идентификувани две лица од Велес и Скопје. ТИе, во септември минатата година испратиле 25-годишна велешанка во Амстердам за да набави хероин и хемиска супстанца кои ги предала на член од групата, подоцна приведен на железничката станица во Франкфурт.

20.09.2013 - 15:58

најчитано сега