Уличарско однесување на Даглас Коста за овој потег го очекува голема казна
Јувентус го совлада Сасуоло со 2-1, конечно погоди Кристијано Роналдо и тоа на два наврати, но денот го расипа Даглас Коста со својот безобразен потег.
Имено Бразилецот го плукна противничкиот играч, го удари и на крај беше исклучен по асистенција на ВАР. Коста веднаш по мечот се извини, но бадијала.
-Ова никогаш го немав сторено, ова не бев јас. Се извинувам на навивачите на Јувентус и противникот, свесен сум што сторив, изјави Коста кој ја шокираше фудбалска Италија.
Не постои точен правилник за плукање, но повеќе од сигурно е дека ќе добие најмалку три меча казна со кои може да биде и среќен со оглед што му се заканува и подрастична казна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа