Стаменковски ќе ја брани честа на Македонија на Светското првенство во кревање тегови
Повеќекратниот шампион во „Power lifting“ во дисциплината бенч-прес, Бошко Стаменковски од Македонска Каменица е претставник на Македонија на Светското првенство кое од 16 до 23 септември се одржува во градот Егер, Унгарија.
Како што не информираше државниот рекордер по златни медали, неговиот настап е на 22 септември, а на истиот ќе му претходи мерење а потоа и натпреварот во категоријата до 75 килограми.
- Се чувствувам добро физички и психички подготвен да ги повторам резултатите од минатото. На ова натпреварување се пријавив во дисциплината бенч-прес до 75 килограми, дисциплина во која во зависност од пријавените кандидати очекувам потврда на мојата добра форма и освојување на нов медал, изјави Стаменковски.
Стаменковски пред една недела учествуваше на Интернационалното натпреварување во „STRET WORKOUT“ кое се одржа во Пула, во чии рамки во дисциплината „Pull Up“ кој го освои златниот медал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа