Отварајте очи: Измамник зема пари и продава веќе продадени станови

ИЗмамниците се насекаде. 39 годишниот тетовчанец А.З. успеал да излаже свој сограѓанин и си “лапнал“ 28.000 евра.

Како што информираат од полицијата, измамникот, во август годинава земал 28.000 евра од својата жртва ветувајќи му стан. Останатите пари, измамениот Т.Т. требало да ги даде кога станот ќе биде комплетно опремен. По извесно време станот не бил опремен а Т.Т. дознал дека е продаден на друго лице.

Измамениот тетовчанец го пријавил случајот во полиција.

 

20.09.2013 - 12:07

најчитано сега