„Тепачка“ за поглед кон споменикот на Александар Македонски во Уставниот суд
Вистинска кавга избила меѓу уставните судии околу распределбата на канцелариите во новата зграда на плоштадот во Скопје кој премиерот Никола Груевски свечено ја отвори на 8 септември. Како што пишува весникот Вест, судиите не можеле да се договорат кој од нив да ги земе неколкуте канцеларии кои гледаат кон плоштадот Македонија и кон плоштадот Карпошово востание, а кој да се смести во работна просторија со поглед кој ѕидот на Комерцијална банка па морале да влечат жребка.
„Според ждребувањето, најголем ксмет имале уставните судии Исмаил Дарлишта и Сали Мурати. Тие ги лапнале најубавите канцеларии, кои се наоѓаат на четвртиот кат од новата, се уште невселена зграда на Уставниот суд. Тие гледаат кон споменикот на Александар Македонски на плоштад Македонија, на Камениот мост и на фонтаните на плоштадот Карпошово востание. Таква убава канцеларија, велат во Уставниот суд, има само претседателот Бранко Наумоски но таа се наоѓа на петиот кат.“ - пишува Вест.