Македонец со церебрална парализа ќе биде дел од Охридскиот атлетски маратон

 

 

Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа кој боледува од детска целебрална парализа, ќе биде дел од 32-рото издание на Охридскиот меѓународен атлетски маратон, што ќе се одржи на 8 септември, јави електронското издание на весникот „Илинден“.

- Васил боледува од детска целебрална парализа но воедно е и човек со огромна волја и бистар ум. Неговата желба да со точак на три тркала ги помине овие навистина тешки 30 километри полни со големи угорници и удолници беше предизвик пропратен со одредена резерва, но беше прифатена, секако вон конкуренција. Големината на волјата и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги, изјавија за весникот од Организацискиот одбор на маратонот.

Додаваат дека овој млад човек и покрај својот физички хендикеп ќе ја извози патеката од 30 км со својот велосипед за да ни покаже дека различностите се насекаде околу нас, но дека треба да бидат прифатени дека и лицата со посебни потреби можат да бидат дел од еден ваков спортски настан.

Искажувајќи огромна почит за храброста и одлучноста на Васил „Илинден“, единствен весник на македонски јазик во Албанија, му посакува успешно да му покаже на светот дека физичкиот хендикеп не и може ништо на желбата и одлучноста на еден млад човек. 

 

 

 

04.09.2018 -14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега