Катанец ја превзема селекцијата на Иран

 

 

Словенецот Сречко Катанец е назначен за селектор на ирачкиот национален фудбалски тим.

Како што објави „Л’Екип“ 55-годишниот тренер потпиша договор со Ирачката фудбалска федерација со тригодишна важност за плата од 1,2 милиони долари. Катанец истакна дека неговата главна цел ќе биде да ја однесе репрезентацијата на Светското првенство - 2022 година.

На 10 септември, Ирак ќе одигра пријателски дуел со Кувајт.

Катанец е поранешен селектор на Македонија (2006-2009 година). Со него „црвено-жолтите“ го имаа најдобриот пласман (46.место) на ФИФА рејтинг листата.

 

 

 

04.09.2018 -13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега