Тошевски на местото на Адеми за мечевите против Гибралтар и Ерменија
Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го повика фудбалерот на Вардар, Кристијан Тошевски за престојните мечеви против Гибралтар и Ерменија кои се дел од Лигата на Нации.
Тошевски е повикан на местото на Аријан Адеми кој заработи повреда на задниот бутен мускул и ќе е надборт од терените најмалку еден месец. Оваа повреда на Адеми доаѓа во крајно непријатен момент, пред се поради одличната форма на фудбалерот на Динамо Загреб во изминатиот период.
Македонија, Лигата на Нации ја започнува на 6 септември на гостувањето во Гибралтар, а три дена подоцна на националната арена „Филип Втори“ избраниците на Игор Ангеловски ќе ја дочекаат Ерменија која е главен конкурент на нашата селекција за првата позиција во групата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа