Фајон: Во Македонија доаѓаме како пријатели и со позитивни пораки

Европратеничката задолжена за визна либерализација на земјите од Западен Балкан, Тања Фајон,  во изјава за МИА најавува дека следната недела, заедно ссо неколку други европратеници ќе ја посети нашата држава. Групата европратеници треба да пристигнат во Македонија во понеделник, за да учествуваат на заедничката конференција за транспарентноста меѓу ЕП и македонското Собрание, пренесува.

- Јас во Македонија доаѓам како пријател, вели Фајон. Заедно со Едвард Кукан и останати колеги од Европскиот парламент, доаѓаме в понеделник на заедичка конференција со македонскио парламент на тема транспарентност, вели Фајон за МИА.

Таа вели дека во нивната посета нема ништо спектакулрано, бидејќи оваа конференција е договорена уште во мај годинава и е дел од редовната комуникација меѓу ЕП и македонското Собрание.

- Не доаѓаме во контекст на извештајот на Европската комисија, ниту за Резолуцијата на Европарламентот. Причината е конференцијата на тема „транспарентност” и нема ништо друго на маса за разговор, рече Фајон за МИА.

Сепак, Фајон смета дека како европратеник задолжен за визната либерализација на земјите од Западен Балкан, ќе биде прашана и ќе разговара со некого од македонските власти во однос на усвоениот механизам од страна на Европарламентот за можно укинување на безвиниот режим на Македонија и останатите на кои Европската унија им ги отвори вратите пред неколку години.

- Изминатиот период, по воведувањето на механизмот за можна привремена суспензија на безвизниот режим, јас пренесов се што треба на македонските власти со цел да се избегне примена на истиот. Сепак, очекувам да разговараме и на оваа тема. Во Македонија доаѓаме да пренесеме позитивни пораки од Брисел, вели Фајон во изјава за МИА.

19.09.2013 - 13:29

најчитано сега