Парондо: Прво да ви се извинам што не зборувам добро македонски
Tрадиционално СЕХА Газпром лигата секоја сезона почнува со македонско дерби меѓу Вардар и Металург. Првично средбата требаше да се игра на гостински терен, но во договор со клубовите средбата ќе се игра во СЦ „Јане Сандански” во среда од 20,45 часот.
Ова ќе биде прв меч за Вардар во осмата сезона на СЕХА Газпром лигата. „Црвено-црните” се четирикратни прваци во регионалното натпреварување.
Вардар се врати од турнирот во Стразбур каде имавме едно реми и два порази.
„Се извинувам што не можам на првата прес-конференција да зборувам на македонски. Уште не сум подготвен за да зборувам добро, но за еден месец ќе можам да го направат тоа. Стартуваме во СЕХА лигата со натпреварот против Металург. Имаме проблеми со неколку ракометари. Играме повторно со тим кој е наш стар ривал. Не сме во најдобар момент бидејќи не сме комплетни, но нашата стратегија е на секој натпревар да одиме на победа“, вели Роберто Гарсија Парондо, тренерот на Вардар.
Со Металург веќе Вардар одигра еден меч во август на Супер купот во Струга, каде победивме со 33-24.
„Одигравме добра средба со Металург во Струга во Супер купот. Сега ситуацијата е поинаква и ова е сосема друг натпревар. Го почитуваме противникот и го респектираме, но нашата цел ќе биде да одиме на победа на секој натпревар“ вели Парондо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа