Казни и “црвени картони“ за пратениците кои ќе навредуваат и псујат на седница

Казни за пратениците кои ќе ја загрозуваат работата на Собранието или недолично ќе се однесуваат кон своите колеги. Ова е предвидено со етичкиот кодекс кој треба да го усвои Собранието.

Првичниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ предвидува опомена, опомена пред исклучување или исклучување на пратеникот кој ќе се однесува недолично, ќе омаловажува,ќе упатува навреди или ќе ја попречува седницата. Предлогот предвидува пратениците кои ќе “претераат“ да бидат исклучени од рабтата на Собранието на еден, два или пет дена, а платата да се намалува за пет отсто за секој казнет ден.

И опозициската СДСМ и владејачката ДУИ сметаат дека ваков документ е неопходен. Социјалдемократите сметаат дека казни треба да има и за непочитување на законите и Уставот и да има двостепеност во одлучувањето.

19.09.2013 - 11:25

најчитано сега