ВАР технологијата и донесе 3 бода на Барса
Барселона оствари минимална победа од 0:1 на гостувањето кај Ваљадолид и по две кола има максимален учинок во новата сезона на Ла Лига.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај на средбата, а Барселона до трите бода дојде со голот на Усман Дембеле во 57-та минута.
Во судиското надополнување фудбалерот на домаќините Кеко успеа да го совлада Тер Штеген, но веднаш потоа реагираше каталонскиот клуб и судијата доби информација од ВАР арбитарот дека напаѓачот на Ваљадолид бил во офсајд.
Претходно ВАР системот беше употребен во 83-та минута по голот на Луис Суарез, кој судијата го поништи откако беше утврдено дека фудбалерот на Барселона се наоѓа во недозволена ситуациј
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа