Отвoрен корупциски предмет против Заев

 

Државната комисија за спречување на корупција отворила корупциски предмет за аферата со семејните тендери на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. 

Информацијата утрово ја потврди претседателот на антикорупциска, Ѓорѓи Сламков.

„Државната комисија за спречување на корупцијата ги следи сите предмети, и како и во многу случаи, така и за овој, отворен е корупциски предмет“, рече претседателот на ДКСК, Ѓорѓи Сламков.

Антикорупционерите ќе проверуваат дали има судир на интереси во случајот кога Општина Струмица, каде што Заев е градоначалник, доделила тендери на таткото и братот на лидерот на СДСМ во вредност од половина милион евра.

19.09.2013 - 10:53

најчитано сега