Конференција „Управување со отпад и климатски промени“

Денеска во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција на тема управување со отпад и климатски промени. Конференцијата е под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Конференцијата е организирана од АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги на Република Македонија, ЈП Комунална хигиена – Скопје, Дрисла ДОО- Скопје, со финансиска поддршка на АТРИК – Љубљана, ПАКОМАК Скопје и ГИЗ-Германско друштво за интернационална соработка.

Според најавите, ќе се одржат четири сесии на кои ќе се дискутира на темите: управување со отпад во насока на негово искористување за енергетски цели, влијание на отпадот врз климатските промени, институционални аспекти и инфраструктура за имплементирање на системи за управување со отпад и современи пристапи во изградба на „безбедни“ депонии и одлагање комунален и индустриски отпад.

На конференцијата ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

19.09.2013 - 09:37
Фото: 
влада.мк

најчитано сега