Бесими ќе ја пофали Македонија во Италија

 

Вицепремиерот за европски прашања,  Фатмир Бесими денеска ќе замине во Република Италија, каде ќе оствари средба со министерот за европски прашања на Италија Ензо Моаверо Миланеси и со заменик претседателот на италијанското Собрание.

- На средбите вицепремиерот Бесими ќе ги презентира активностите што се преземаат во  Македонија во однос на процесот на европската интеграција и статусот на реализација на обврските кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво,  како и меѓусебната соработка и областите во кои може да го искористи италијанското искуство во делот на европската интеграција, информира владиниот Секретаријат за европски прашања.

19.09.2013 - 08:25

најчитано сега