Владиката Тимотеј доживеа срцев удар на седница на Синодот
Митрополитот Тимотеј дожвиеал инфаркт на вчерашната седница на Синодот на МПЦ, јавува Утрински весник. Откако му се слошило, веднаш бил пренесен во болницата „Систина“. По направените лекарски прегледи, владиката бил пуштен на домашно лекување.
Веста г.Тимотеј ја потврдил за Утрински весник.
„Сега сум добро! Ми се слоши на седницата, имав напад. Ќе продолжам и со други испитувања“, изјавил владиката Тимотеј за Утрински.
Весникот повикувајќи се на извори во Синодот пишува дека на владиката ќе му биде извршена операција на срцето
18.09.2013 - 22:08