Груевски: Очекуваме петта препорака за преговори за влез во ЕУ

 

Денеска претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски, истакна дека Македонија ги исполнува критериумите за членство во НАТО и за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ поради што и четири години по ред добиваме позитивен извештај.

Ова го нагласи премиерот Никола Груевски, денеска во обраќањето пред бизнис заедницата, и потенцира дека сепак проблемот кој го создаде Грција и кој се повеќе го продлабочува, не лишува од предностите кои ги даваат членството во ЕУ и НАТО. - Последниот нивни став околу предлогот на медијаторот мислам дека јасно отсликува со каков предизвик се соочуваме.  Како и да е, ние ќе продолжиме со сите сили да бараме излезно решение. Но, додека тоа го правиме нема да запреме со модернизација на земјата, нема да запреме со нови реформи, идеи и создавање на дела. Градењето добри односи со сите соседи ќе остане во фокусот на нашите напори, рече премиерот Груевски.

18.09.2013 - 16:37

најчитано сега