Усвоена Стратешка рамка за соработка на комисиите за еднакви можности

Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените денеска усвои Стратешка рамка за соработка со локалните комисии, на која присуствуваа претставници од многу општини во земјата. Најавено е потпишување на меморандум за соработка на Комисијата со Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

- Овојпат ние го доразработувавме документот, кој се базира на една точка од Стратегијата за родова рамноправност односно на комисиите за еднакви можности, бидејќи нивното работење не е доволно разработено, вели пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, претседателка на Комисијата.

Стратешката рамка предвидува редовна комуникација на локалните комисии со националната, посета на локалните комисии, нивни претставници да учествуваат на јавни расправи, да се обезбедат упатства за членовите на комисиите за начинот на работа, база на податоци на сите вклучени во оваа насока, да се обезбедат прирачници кои ќе ги содржат сите закони, стратешки документи во државата и надвор што се однесуваат на родовата рамноправност, предвидуваат менторски обуки, конкретни средства за функционирање на локалните комисии и годишни извештаи.

- Имаат некакви средства, но немаат доволно и затоа понекогаш се случува советници да не можат дојдат на наша јавна расправа во Скопје, рече пратеничката.

18.09.2013 - 16:05
Фото: 
А1.он

најчитано сега