СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминални тендери, провизии и расипништво

ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминални тендери, провизии и расипништво, сега својата деструкција сака да ја покрие со измислување непостоечки скандали, обвинуваат од СДСМ преку соопштение.

Поради децениското криминално владеење, партијата што стана најбогата во Европа на грбот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, провизии, наместени тендери и расипништво, велат од СДСМ.

„Бројните судски процеси кои се водат против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе покажат колку граѓаните се оштетени од таквото криминално владеење.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со степенот на транспарентност на владата предводена од СДСМ. Опозициската партија измислува наводни скандали онаму кадешто ги нема за да го покрие деструктивното работење против македонската иднина. Креираат невистини со цел да ја манипулираат македонската јавност. Компанијата која портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја спомена,ниту земала, ниту ќе земе средства од Фондот за иновации и технолошки развој.

Денеска тендерите и јавните набавки се распишуваат преку јасно дефинирани и транспарентни критериуми, се обезбедуваат еднакви услови за сите, а се избираат компании кои ќе испорачаат најдобар квалитет по најниска цена.

Владата предводена од СДСМ работи отворено, одговорно, штедливо и презема видливи активности за избегнување конфликт на интерес“, се вели во соопштението од партијата.

 

 

 

06.08.2018 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега