Македонец се најде на листата најбогати луѓе - знаете ли кој е македонскиот милионер?
Форбс состави листа на најбогати милионери на Балканот. На листата на американскиот магазин се најде и еден Македонец.
1. Прв по богатство на Балканот, според Форбс, е сопственикот на Агрокор, Ивица Тодоровиќ. Неговото богатство, објавува магазинот, е проценето на 581.8 милиони евра. Неговата компанија брои над 30.000 илјади вработени.
2. Зад Тодоровиќ се најде Санди Чешко од Студио Модерна – Словенија. ТОј, по пат на директна продажба преку телевизија (топ-шоп), заработи богатство “тешко“ 481.6 милиони евра. Чешко важо за скромен милионер кој нема секретарка, јахта и викендица.
3. На третото место од листата на „Форбс“ се најде сопственикот на холдинг компанија, Миодраг Костиќ, кој е еден од најуспешните луѓе во Србија. Неговото богатство е проценето на 234 милиони евра. Неговата Мк-група содржи 36 меѓусебно поврзани претпријатија.
4. Четвротот место, Форбс му го додели на Емил Тедеши кој “тежи“ 145,5 милини евра. Тедеши е сопственик на Атлантик Груп која е хрватска мулинацинална компанија и ги застапува брендовите Росал, Кокта, Аргета, Смоки и др.
5. Следен на листата на американскиот магазин е најбогатиот Македонец Минчо Јорданов со богатство од 35 милиони евра. Најважен извор на неговите приходи е фирмата Макстил, а во сопственост на Јорданов е и клиниката „Ремедика“, ракометниот клуб „Металург“ и винаријата „Стоби“. Во градежната фирма Бетон поседува 2.4 милини евра.