Директорката на Фондот за здравство се сретна со здружението ХМЛ

 

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева Змејкова и нејзиниот тим одржа работна средба со Пепо Леви, Претседател на здружението ХМЛ (хронична миелоидна леукемија). Тема на разговор на оваа редовна средба беше да се утврди во колкав обем се исполнети заклучоците од претходните средби во ФЗОМ, односно колкав е напредокот на реализација на активностите на здружението.

-Воедно на средбата се дискутираше за статусот на пациентите со хроничнамиелоидна леукемија - ХМЛ во Македонија, за можноста за нивно лекување како и за медикаментозната терапија која им е достапна. Претседателот на здружението ги потенцираше модалитетите во терапијата во европските земји и укажа на предизвиците со кои истите се соочуваат во Македонија, но и во соседните земји како на пример во Бугарија и Србија. Исто така се потенцираа новитетите во лекувањето на хронична миелоидна леукемија како и статусот на лекови Р. Македонија во однос на достапноста на истите, соопштуваат од ФЗОМ.

Како што информираат од ФЗОМ, директната соработка на Фондот со здруженијата на граѓани придонесува да се стекне еден непосреден и реален увид во тоа како најпрагматично и најефикасно би можело да се унапреди квалитетот на здравствени услуги согласно модерните светски трендови во нашите здравствени установи.

18.09.2013 - 10:38

најчитано сега