Костадинов: Додека целиот државен врв одлучи да тргнеме кон иднина, само Иванов заглави во минатото (видео)

Вчерашниот ден уште еднаш покажа дека Ѓорге Иванов се води од лични и теснопартиски, а не од интересите на граѓаните и државата,рече на денешната прес конференција на Костадин Костадинов, пратеник во Собранието на Република Македонија од СДСМ

„Додека целиот државен врв одлучно порача да тргнеме кон иднината, само Иванов повика да останеме заглавени во минатото на омраза, поделби, криминал и неказнивост.Додека граѓаните ги славеа заедништвото и сплотеноста, Иванов разгоруваше и поттикнуваше меѓуверска и меѓунационална омраза како што тоа го прави со години.  Со тоа Иванов ги погази вредностите на илинденското востание и заседанието на АСНОМ. Говорот на Иванов беше срам за илинденците, срам за сите што се жртвувале за идејата за слободна, независна република Македонија.“ рече тој.

Вели дека со таквото антидржавно однесување, Иванов повторно покажа дека не е достоен за функцијата што ја извршува.

„Големиот празник вчера јасно покажа кој е иднината, а кој не влече назад кон темното минато.Граѓаните и политичките партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, се обединија и избираат иднина наместо небиднина. Иванов останува изолиран во своето антидржавно однесување, заглавен во минатото на криминал и неизвесност. Иванов останува на темната страна од македонската историја.“ нагласи Костадинов.

 

 

 

03.08.2018 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега