Водечки републикански конгресмен силно ги поддржува грчките ставови

 

Водечки републикански конгресмен од Калифорнија, Ед Ројс и изрази поддршка на Грција во реализирањето на нејзините ставови во регионот.

Тој во коментарите дадени за грчки медиум, не ја спомна нашата држава но, ги потенцираше неговите силни прогрчки ставови за Кипар и Турција.

- Долги години бев член во групата за грчко пријателство во Конгресот, и со мојата сопруга, со која патувавме во Грција, делиме силна почит за грчката култура и цивилизација, од која САД ги имаат позајмено не само демократијата, туку и системите на логика, права на поединците. Затоа, загрижени сме кога гледаме што се случува со окупацијата, со инвазацијата врз северен Кипар и сакаме да дадеме јасен став за тоа. Особено со сегашните турски барања насочени против грчкото право и правото на јужните Кипарци на нафтата која е најдена таму. Зарем цело Средоземно Море ќе биде турско езеро? Тоа нема да се случи. Постои меѓународно право и САД се приморани да застанат до Кипар и Грција по овие прашања, вели Ед Ројс.

Кели Влагхакис Хенкс, која потекнува од семејство грчки доселеници од Крит и е сопственичка на компанија за производство на еколошки детергенти од Лос Анџелес, дури организирала и собир за поддршка на Ројс.

- Решивме да го организираме овој настан за конгресменот Ед Ројс, кој е еден од најзначајните членови на Конгресот сега. Како претседавач со Комисијата за надворешни работи, тој е многу важен за Грција, и за Кипар и сите прашања за кои толку силно не поддржува и е навистина голем филхелен, вели Влахакис Хенкс.

Инаку Ројс, претседава ссо Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом во овој состав на Конгресот. Тој ја презема оваа позиција од конгресменката од Флорида Илеана Рос Лејтинен, која исто така е член на групата за грчко пријателство.

18.09.2013 - 09:37

најчитано сега