Иванов тет-а-тет со Еди Рама
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Тирана ќе оствари средба со новиот премиер на Албанија, Еди Рама.
Во изминатите два дена, Иванов учествуваше на 5. Регионален претседателски самит на тема „Пристапи кон практична употреба на можностите за поефикасна регионална соработка“.
На годинашниот Самит, учество земаа и претседателите на Црна Гора, Филип Вујановиќ и на Косово, Атифете Јахјага.
Вчера вечерта, Иванов оствари средба со претставници на македонското национално малцинство во Албанија.
18.09.2013 - 08:47