ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата за референдумот

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја бојкотира денешната седница и пратениците ќе учествуваат на седницата на која се очекува да се распише референдум, изјави денеска генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

Тој не одгoвори дали ќе го бојкотираат референдумот и рече дека доколку се изгласа одлуката за референдум, партиските органи дополнително ќе одлучуваат.

„Продолжува самоволието на парламентарното мнозинство за референдумот. Свесни дека е штетено за Македонија, се обидуваат на сила да протуркаат двосмисмелно прашање. Било кое прашање треба да е по пат на консензус“, истакна Јанушев, кој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не прифатила да е декор на власта.

„Член 15 од Законот за референдум вели дека прашањето треба да е недвосмислено, за или против. Треба да е сосем јасно и едноставно за одговор. Вака е манипулативно“, посочи генералниот секретар на опозициската партија.

 

 

 

30.07.2018 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега