Кривопаланчани ја покажаа хуманата страна и донираа крв
Во Крива Паланка денеска беше организирана крводарителска акција во која беа собрани 45 крвни единици.
Акцијата ја организираше ограникот на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка во соработка со Републичкиот завод за трансфузиона медицина од Скопје и Општинската организација на Црвениот крст.
- Единствената цел на ваквите хумани настани е да се обединат луѓето од сите заедници, без разлика на нивното политичко убедување или верска припадност и да се фокусираат на една заедничка цел – во служба на заедницата, изјави преттседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Стојчевски.
17.09.2013 - 16:39
Фото:
Вис.мк